
Температурите се се повисоки, а ние очајно бараме спас од горештините. За да се чувствувате свежо и да изгледате елегантно ние ви нудиме да се одлучите за едноставен и еднобоен фустан.
Моделот е универзален бидејќи ја нагласува половината и е со должина до под коленици. Нашата идеја е жолта боја, но вие слободно можете да експериментирате со боите.
За на работа можете да го искомбинирате фустанот со црни сандали и црна чанта
За кафе преку ден – очила за сонце, рамни чевли и интересна чанта
За навечер – добро е да додадете малку повеќе сјај, убав накит, затворени салонки во свежа боја и во иста боја како накитот
За опуштен викенд – истиот фустан но во комбинација со сламена шапка, ниски сандали и сламена чанта