Со каква жена си имаш работа според пијалокот што го избира?

popara28 јули, 20131min00
13

Драги господа вас ве чекаме на подиумот. И ако сакате да разберете дали ние сме вашате посакувани девојки, почастете не по една пијачка и читајте надолу…

Според психолозите карактерот на жената може многу точно да биде предвиден според алкохолот што таа го избира. Еве што велат експертите:

Ако дамата не пие алкохол туку само безалкохолни пијалоци тоа значи дека сака да држи се под контрола. Таа е доминантна, има многу маски и може да испадне многу опасна за романтичните мажи.

Ако си порача шампањско значи дека сте налетале на Drama Queen. Таа ќе зборува многу воспитано, ќе се однесува како благородничка, но ако не прашувате нас, таа малку повеќе се соживеала со љубовните драми. Во сексот ќе биде тапа, зошто макар и да научила како да се соблекува како омилената актерка од омилената сапуница, таа сеуште нема ни најмала идеја како сето тоа да го изигра и под чаршафите.

Ако си порача вино сте погодиле во центарот на метата. Вашето девојче знае како да избезуми маж и е многу самоуверена во она што го прави. Се насладува на животот и сака да граби од него со полни раце.

Ако си избере ликер госпоѓицата се обидува да ви покаже колку префинета е по природа. Од вас таа очекува да го направите нејзиниот живот лесен и безгрижен.

Ако пак си порача коктел бидете подготвени за бурен секс. За неа речиси нема забранети работи и сака да експериментира со се. Но бидете внимателни зошто овие жени знаат како да ви ги измешаат картите и брзините.

Ако пие пиво заборавете на романтика. Си имате работа со машко девојче, што ќе биде ваш добар пријател но не и девојка. Нејзините критериуми за мажи се ужасно високи и секогаш се поставува себе си на прво место по важност. Не дека е егоист, но е тешка за разбирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma