
Срѓан Ѓоковиќ, таткото на лидерот на светската ранг листа по тенис Новак Ѓоковиќ, раскажува во интервјуто за српскиот весник Курир за семејните финансиски проблеми во минатото.
Откако Новак на 10 годишна возраст споделил со семејството дека сака да биде светски шампион неговите родители не бираат средства само и само да го исполнат неговиот сон.
Од тогаш Срѓан и неговата сопруга Дијана се посветуваат целосно на кариерата на Новак – бараат пари на заем од пријатели, работат по 15 часа дневно, земаат пари од лихвари со камата… Семејството Ѓоковиќ го продаваат и семејното злато и живеат со заеми цели 17 години.
Новак Ѓоковиќ станува професионален тенисер на 16 годишна возраст во 2003 година. Може да се каже дека во името на неговата кариера неговите родители направиле големи жртви, но денес не жалат за сите маки кои ги преживеале.