
Ријана има повод да празнува бидејќи успеа да ја победи британската верига за облека Топшоп која лансираше во промет маички со ликот на Ријана без нејзина согласност. Судијата по делото изјави како заклучок дека продуктот ги доведува во заблуда купувачите на производот, кој ги тера да веруваат дека ѕведата го одобрила својот лик како заштитен знак. Судијата додаде дека постапката на фирмата го оштетила имиџот на Ријана во светот на модата.
Адвокатите на дамата побараа 5 милиони оштета од Топшоп во сопственост на британскиот милјардер Филип Грин но сеуште не е јасно дали ќе ја добие целата сума.