Ова е најбараниот терорист во светот!

popara1 август, 20131min00
4

САД го прогласија Ибрахим ал Асирија од Саудиска Арабија за најопасниот терорист во светот бидејќи успеал да ги доведе до совршенство начините за правење минијатурни експлозиви кои ни еден детектор не може да ги препознае.

Ибрахим ал Асири познат како Абу Салех има 30 години, студирал хемија но во 2003 ги напушта студиите кога САД влегува во Ирак и од тогаш почнува неговата радикализација. Во 2006 станува член на Ал Каида.

Благодарение на студиите по хемија, не пред се на својата иновативност и безкруполозност почнува да ги усовршува бомбите со еден од најаките експлозиви пентаеритритол – тетранитрат. Тие уреди немаат метални делови, а бидејќи можат да се кријат во долната облека или во телото на бомбашот, практично не можат да бидат забележани. Службите го нарекуваат “изопачен гениј“.