
Банката на Ватикан отворила интернет страна во обид да го подобри имиџот после серијата скандали и критики поради недостатокот на транспарентност.
Претседателот на банката изјавил дека на веб страната ќе се објавува годишен извештај што ќе биде прв пат банката да објавува финансиски резултати кои ќе достават информација за реформите и работите кои Ватиканската банка ги обавува во светот, начините на кои дава подршка на црквата и хуманитарните акции.
Ватиканската банка во моментов е мета на бројни истраги од страна на италијанското обвинителство поради сомнеж за перење на пари и фактот дека банката систематски не ги исполнува меѓународните сдандарди за транспарентност.
Папата Фрањо деновиве порача дека банката мора да биде поштена и транспарентна и дека ќе ги послуша советите од комисијата создадена да ја реформира или во краен случај да ја затвори банката.