
Изгледа дека Никол Шерцингер и Луис Хамилтон можеби повторно ќе бидат заедно. Зад себе имаат пет годишна врска која заврши пред месец дена. Двајцата изјавија тогаш дека поминуваат многу малку време заедно и тоа беше причината за крајот. Но откако не се заедно тие постојано изјавуваат јавно колку страдаат еден за друг и пејачката решила да оди во Монако и да го посети бившиот.
“Луис нема трки деновиве, а Никол има слободно време па реши да го посети. Тие постојано се во контакт и тој јасно даде на знаење дека сака да му се врати“, изјавува близок на Никол.
На 28 јули Луис јавно и ја посвети победата на Никол, а тоа многу ја трогнало па решила да разговара со него лице во лице.