Намирници кои го прочистуваат телото од наталожениот никотин!

popara18 јануари, 20151min00
5

Постојат неколку начини да ги прочистите белите дробови од катран и токсини и со тоа да го намалите ризикот од појава на карцином или тешки белодробни инфекции. Карциномот на белите дробови е една од водечките причини за смрт во светот и од болестта најмногу страдаат пушачите. Меѓутоа ако веќе пушите барем обидете се колку што можете повеќе да го намалите ризикот со помош на следниве природни “чистачи на отрови“. Еве кои намирници имаат сила да го прочистат организмот од штетните отпадоци наталожени како последица од пушењето:

Пченка – ова растение содржи бета криптоксантин, супстанција за која се тврди дека ги штити белите дробови од карцином и претставува силен антиоксиданс.

Селен – ова е моќен антиоксиданс кој може да се најде во различни видови риба, како туна, лосос и бакалар, но и во јагнешко месо, јајца и житарици.

Лук и кромид – двете растенија содржат специфични соединенија со антикарциногено својство. Лукот помага во спречување на многу болести, а меѓу нив се инфекција и рак на белите дробови. Кај луѓе веќе оболени од рак спречува појава на нови ракови клетки.

Портокал – освен што е богат извор на витамини портокалот содржи и криптоксантин за кој веќе кажавме дека делува против белодробниот карцином.

 

Ѓумбир – уште едно моќно средство за исфрлање на токсините од белите дробови. Можете да пиете чај од ѓумбир или пак со оброк да изедете по некое парче од растението.

Коприва – ова растение има многу железо, а исто така е мошне корисно средство за прочистување на белите дробови и борба против инфекција.

 

Чај од борови игли – овој чај најчесто се користи за испирање на усната шуплина и грлото, но истовремено е и добар сојузник во борбата против карцином на белите дробови.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma