Мелина знае најдобро: Дали е вистинита изреката “Тежок си колку јадеш“?!

popara5 август, 20131min00
m2

Порано, многу поедноставно, се верувало дека дебелината потекнува од прекумерното внесување храна. Но, доколку поблиску се погледне влијанието на исхраната врз метаболизмот, лесно може да се види дека работите не се толку едноставни. Колку луѓе знаете во својата околина што јадат се и колку сакаат без ниеден видлив грам сал. Истовремено, други се жалат дека секое залче им се „лепи“.  Иако игра голема улога храната, сепак покрај неа има и други фактори, кои се занемаруваат, а истите придонесуваат  кон зголемување или намалување на телесната тежина. Тие се:

  • Наследни фактори

 

  • Хормоналните фактори- на пример естрогенот, женскиот хормон , го забрзува таложењето на мастите на колковите, половината, бутовите , задникот и над лактот (трицепс);

 

 

  • Количеството активна маса (немасно ткиво). Активната маса на телото во голема мера ја условува потрошувачката на енергијата во мирување, т.е базичниот метаболизам. Тоа значи дека еден спортист со силни мускули и додека спие ќе потроши повеќе енергија отколку оној чија активна мускулна маса сочинува процентуално помал дел од вкупната телесна тежина.

 

До нашето наредно читање,

Ве сака

Мелина

Melina