Како се паѓа на возачки испит за 10 секунди?

popara5 август, 20131min00
11

Само што седнале инструкторот и кандидатката во автомобилот, девојката веднаш “нагазила“ и покрај предупредувањето од страна на инструкторот се слупала.

Полагањето на возачки испит е мошне стресна но и опасна ситуација. Една корејка го обори рекордот во оваа категорија при што успеа да го уништи и автомобилот.

Само што седнале во автомобилот, баксузот од девојка наместо на кочница, нагазила јако на гаста, а во позадина се слуша како инструкторот ја предупредува, што веројатно на корејски значи “кочи“. Девојката наместо да закочи, во првите десет метра го превртува автомобилот на кров. Не полагаат сите возачки испит од прва, но мора да признаете дека вакво паѓање на испит е повеќе од спектакуларно.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=66HjI5qkoZI#at=16

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *