Ашли Симпсон потврди официјално дека е во врска со синот на Дајана Рос – Еван Рос. Двајцата до скоро изјавуваа дека се само пријатели.
Еван дури и ја претставил Ашли на својата позната мајка. Вљубените го посетиле концертот на пејачката во Лос Анџелес, а после тоа музичката легенда се присоединила во друштвото на нејзиниот син и неговата девојка. Според очевидците Ашли и Еван се бакнувале цела вечер пред очите на мајка му.
Рос очигледно ја бендисува Ашли за девојка на синот, иако таа има дете, разведена е и е повозрасна од него.