Американец обвинет за “Facebook” убиство

popara10 август, 20131min00
20138920258207734_20

Човек од Флорида е обвинет за убиство откатко објавил фотографија од мртвото тело на својата жена на Фејсбук заедно со порака дека тој ќе биде осуден на смртна казна.

Дерек Медина, 31, се пријави во полиција во Четвртокот откатко 26-годишната Џенифер Алфонсо беше убиена со пиштол во домот на парот во Јужен Мајами.

20138920258207734_20

Медина ја објави фотографијата на социјалната мрежа каде се гледа телото на неговата жена. Во коментар тој пишал: “Ќе одам во затвор или ќе ја добијам смртната казна за убиство на мојата жена, ве сакам и ми недостигате, чувајте се Фејсбук луѓе, ќе ме гледате на вести”.

“Жена ми ме удираше и нема веќе да го трпам малтретирањето, па го направив тоа што морав. Се надевам ме разбирате”, додаде тој.

Фотографијата останала на неговиот профил неколку часа пред да биде отстранета.

Според полицијата, Медина изјавил дека парот имал караница, кога Медина го земал својот пиштол и го вперил во неговата жена. Полицијата го најде телото на Алфонсо, заедно со нејзината 10-годишна ќерка, која била невооружена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag