Дека е убава, тоа е факт. Атрактивната Бруна Маркезине, девојката на фудбалерот на Барселона, Нејмар, шпанските медиуми ја прогласија за нов секс симбол, иако таа тврди дека тоа не вистина.
Неодамнешните написи во тоблоидите каде се вели дека му ветила на својот дечко незаборавни моменти за секој гол што ќе го постигне, убавата Бруна набрзо ги демантирала.
– Дали сум жена? Сум. Имам 18 години, но сепак на некој начин сум и девојче. Не знам зошто ме нарекуваат секс симбол. Јас не сум тоа и тој опис не одговара на мојата личност – изјавила Бруна за шпанските медиуми.