Плескавици од компири со млад кромид

popara11 август, 201317min00
6

Потребни состојки:

1 кг компири

3 јајца

1 врзоп млад кромид

Магдонос

200 гр сирење

Брашно

Ги миеме и ги вариме компирите. После тоа ги лупиме и ги пасираме додека се уште топли.

Ги сецкаме кромидот и магдоносот ситно и ги додаваме во пирето од комири. Ги додаваме искршеното сирење и јајцата и мешаме се додека смесата не се изедначи.

Од готовата смеса правиме плескавици, ги валкаме во брашното и ги пржиме во претходно загреано масло од двете страни додека не добијат златна боја.

Готовите плескавици ги цедиме врз хартија пред сервирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag