Маурициус е фантастично место, целиот свет на еден остров, само неговот име во главата ни создава слики за уживање, луксуз, екстраваганција…
Додека во повеќето дестинации кои се познати по тиркизните води, белите песочни плажи и луксузните хотели, можете евентуално да посакате да правите и нешто друго освен сончање и пливање, често е мошне тешко да одлучите што следно да правите на Маурициус. Островот е преполн со историски споменици и локалитети и речиси неограничени активности кои ќе ви ги пренасочат мислите од секојдневните активности на еден класичен одмор, односно плажа и базен. Но можеби неговата најдобра карактеристика е опуштениот шарм и позитивните луѓе.