Голем број од контроверзни или значајни веб страни како “Wikipedia” и “The Pirate Bay” се цензурирани во одреден капацитет во некои држави низ светот, но “The Pirate Bay” го возвраќа ударот со свој интернет прелистувач “PirateBrowser”.
Тоа е всушност прилагоден “Firefox” прелистувач со неколку специални “proxy” подесувања кои ќе ги тргнат цензурите во држави како Иран, Северна Кореа, Велика Британија, Холандија, Белгија, Финска, Данска, Италија и Ирска.
Прелистувачот не ве прави анонимен, туку е механизам кој ќе ве одржи во контакт со целосниот, нецензуриран интернет. Сепак, “PirateBrowser” доаѓа во пакет со “Tor Browser”, кој е оделен прелистувач кој е доста ефективен во правејќи ве анонимен.
За официјалната најава, притиснете тука.
За да го превземете прелистувачот, притиснете тука.