Неодамна, пејачката Кејти Пери изјави дека во изработка е нов албум со име “Prism”. Пред неколку дена, таа исто така изјави дека дојде време “светот да ја чуе како р’жи”.
Пејачката доживеа мала непријатност откатко демо верзијата на нејзиниот нов сингл “Roar” се појави на интернет неколку дена пред официјална верзија. Синглот требаше официјално да се појави денес, но сепак песната непланирано заврши на интернет. Фановите се воодушевени од пораката која таа ја пренесува во својата песна.