Огромен црн облак го покри градот Пуерто Ла Круз во Венецуела, откатко гром удри во една од најголемите рафинерии во државата и предизвика експлозија и пожар. Жителите од околината се евакуирани и нема жртви.
Според потпретседателот на рафинеријата Асдрубал Чавез, пожарникарите успеале да го изгаснат масовниот пожар. Тој им ја честита добро завршената работа, која успеале да ја завршат во рекордно време.