Стефани Банистер, 27-годишна кандидатка за парламнтарните избори во Австралија, го нарече исламот, држава.
Во интервју за “7 news”, таа изјави: “Не се противам на исламот како држава, но мислам дека нивните закони не се добредојдени во Австралија”. Таа потоа додаде “Помалку од 2% од жителите на Австралија го следат харамот”. Не е сигурно што точно сакала да каже, но се верува дека мислела на исламската света книга, Куранот. Харам е збор кој се користи за нешто што е забрането по исламските закони.
Но, таа не запре тука. Таа потоа ги измеша и другите религии.
“Евреите не се под харам, тие си имаат своја религија која го следи Исус Христос”, изјави таа.
Покрај гафовите за религијата, таа направи и многу други поврзани со разни теми. Накратко откако нејзините гафови станаа вирални на интернет, за кои подоцна доби и смртни закани, таа се откажа од кандидатурата, по само 48 часа од пријавување.