Мажите кои пливаат во Скандинавиа треба да се пазат од оваа чудна риба, која стана позната по гризење тестиси. Сеуште не е познато како рибата стигнала во овие води, која вообичаено може да се најде во Јужна Америка, беше пронајдена од дански и шведски риболовци.
Според Природонаучниот музеј во Данска, рибата има големи и јаки заби, но не се толку страшни како на нејзиниот братучед пираната. Но, овие заби се доволно јаки да пресечат прсти и рибарски конци. Интересно е што Паку рибата е вегетаријанец. Тогаш зашто би гризела тестиси? Според зоолозите, рибата сака ореви. Посебно сака да крши ореви со своите заби, па ги греши оревите и тестисите понекогаш.
Иако рибата не е опасна за луѓето, според “Metro”, два риболовци умреле од крварење откако рибата им ги “грицнала” тестисите.