Со летните комбинации накитот најмногу доаѓа до израз, па стилистите предлагаат и оваа сезона да си поиграте со различните парчиња. Нараквиците во низа се апсолутен хит ова лето.
Доколку сакате вашиот изглед да го направите уште по впечатлив, стилистите предлагаат да носите нараквици во низа, без оглед на тоа дали се метални, дрвени или пластични.
За бизнис изглед довлно е да изберете две до три тенки нараквици, со еднобојна гардероба изберете масивни модели во низа, а за навечер нараквици украсени со каменња, кристали или циркони.