Мозокот работи уште 30 секунди по прекин на крвоток

popara14 август, 20131min00
neuroscience

Мозокот функционира уште 30 секунди откако срцето ќе престане да чука, според ново истражување од универзитетот на Мичиган.

Научниците користеа глувци кои беа под дејство на анестезија. Тие го прекинале срцето и ја следеле активноста на мозокот. Дури 30 секунди откако срцето престанало со отчукување, се покажала висока активност во мозокот.

neuroscience

Со ова истражување може да се објасни феноменот кој се случува кај пациенти кои доживуваат срцев удар и се во клиничка смрт. Во 20% од овие случаи, пациентите доживеале чудно искуство, каде гледале или чувствуале нешто невообичаено или пак го виделе “светлото на крајот на тунелот”.

“Бевме зачудени од високата активност на мозокот”, изјави еден од главните автори на истражувањето Џорџ Машур, професор по анестезиологија и неурохирургија на универзитетот. “Всушност, кога сте блиску до смртта, многу од познатите знаци на свест ги надминуваат нивоата кои се најдени додека сме будни, што покажува дека мозокот е способен на добро организирана електрична активност во раните фази на клиничка смрт”.

“Ова е прво вакво истражување, а сигурни се дека ова истражување ќе ја формира базата на идни истражувања на луѓе, кои ќе бидат поврзани со менталните искуства кои луѓето ги добиваат кога нивниот мозок умира” изјави другата авторка на истражувањето, Џимо Борџигин, професор на молекуларна и интегративна физиологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma