Магичната Барселона ја покори Европа – Јунајтед немоќен

slobodan28 мај, 20111min01
Barcelona-vs-Manchester-U-001

Барселона – Манчестер Јунајтед 3:1 (1:1)
Педро 27′, Меси 54′, Виља 69′ – Руни 34′

Фудбалерите на Барселона се нови шампиони на Европа откако во финалето одиграно на “Вембли” го солвадаа Манчестер Јунајтед со 3:1. Погодоците за Каталонците ги постигнаа Педро, Меси и Виља, додека единствениот гол за Јунајтед го постигна Руни.

Англичаните мечот го започнаа со многу агресивна игра и високо поставени играчи кои Барса ја нападнаа уште на нејзината половина. Тоа меѓутоа потраа само десетина минути, по што Барса ја превзема апсолутната иницијатива. Со кратки и многубројни пасови Каталонците ја предеа мрежата околу голот на Ван дер Сар, се до 27. минута кога Чави идеално го вработи Педро кој му донесе водство на шпанскиот тим.

Јунајтед дури тогаш малку како да се разигра, но голот падна по еден од ретките напади на екипата на Алекс Фергусон. Барса изведе аут во висина на својот казнен простор, не успеа да ја исфрли топката која Руни ја украде, ја додаде до Гигс кој за половина чекор беше во офсајд, а овој му ја врати за шут покрај Валдез и израмнување.

Така првото полувреме заврши со нерешен резултат, а се чинеше дека Јунајтед добро и мина, со оглед на апсолутната доминација на играчите на Гвардиола. Наместо дополнителен ангажман во продолжението од дуелот, играчите на Манчестер продолжија со повлечената игра.

Тоа остави доста простор Барса да ја гради својата игра, па веќе во 54. минута Меси ја искористи неодлучноста на Евра и Видиќ кој не му го изблокираа шутот, совладувајќи го притоа немоќниот Ван дер Сар. 15-тина минути подоцна во слична ситуација се најде и Виља, кој исто така шутираше непречен од врвот на казнениот простор и го совлада Ван дер Сар. Пред тоа Меси и Бускетс се прошетаа во казнениот простор на Манчестер, што доволно говори за тажниот ден на одбраната на Јунајтед.

Барселона на крајот заслужено триумфираше и дојде до својот четврти пехар во Лигата на Шампионите.

Сосема заслужено за најдобар играч на финалниот меч прогласен е Аргентинецот во редовите на Барселона, Лионел Меси.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma