Росалија Мера, која е една од основачите на шпанскиот моден гигант кој е сопственик на Зара и најбогата жена во Шпанија, вчера вечер почина.
Според шпански медиуми, таа доживеала срцев удар додека била на одмор во Менорка и беше пренесена со авион до Коруна во северна Шпанија каде таа почина на 69 години.
Мера го напуштила своето школо на 11 години и работела како кројач пред да ја започне “Inditex” со својот поранешен сопруг Амансио Ортега.
Таа помогна да се изгради компанијата во една од најголемите компании за продажба на мало во светот.
“Inditeх” е сопственик на ланците “Zara”, “Massimo Duti” и “Bershka”.
Во изјавата на компанијата пишуваше: “Групата сака да испрати свое искрено сочувство до најблиските и нејзините пријатели во ова исклучително тешко време, по загубата на една личност која толку многу придонесе до развојот на компанијата”.