Поп дивата Бијонсе неодамна ја ишиша косата, а само неколку дена покасно пејачката се покајала па на својата турнеја земала дури 40 перики со долга коса.
Пејачката се пожалила пред блиските пријатели дека се чувствува несигурно откако се ишишала кратко и дека и недостасуваат нејзините долги локни, вели извор близок на пејачката.
Дивата решение нашла во најквалитетни перики кои ќе ги менува на турнејата па одлучила да понесе вкупно 40. Американските медиуми неодамна известија дека Бијонсе има колекција перики во вредност од милион долари.