Мубарак и двајца поранешни министри казнети со 90 милиони долари

slobodan29 мај, 20111min00
110211_mubarak_headshot_ap_605

Судот во Каиро парично ги казни симнатиот египетски лидер Хосни Мубарак и двајца поранешни министри со 90 милиони долари, заради тоа што ја “оштетиле економијата“ кога ги прекинале телефонските врски и Интернетот за време на протестите во Египет.

На Мубарак и на министрите им е наложено “заеднички да ја платат казната на државата од свои лични средства“, соопштиле судски извори, јавува агенцијата “Франс прес“.

Народните немири, во кои загинаа најмалку 800 луѓе, доведоа до симнување на Мубарак од власт на 11 февруари по три децении владеење.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma