Ветел најбрз во Монте Карло

29 мај, 20110
Себастијан Ветел

Пол позицијата за трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Монако ја освои Себастијан Ветел. Возачот на Ред Бул и моментално водечкиот во генералниот пласман беше најбрз во квалификациите кои ги одбележа несреќата на возачот на Заубер, Серхио Перез. Мексиканецот со својот болид се заби во бариерата па мораше да биде извлечен од уништениот болид и веднаш беше пренесен во болница.

Од првиот ред на стартот на трката покрај Ветел ќе статува Џенсон Батон, додека од вториот ред ќе стартуваат Марк Вебер во Ред Бул и Фернандо Алонсо во Ферари. Пота следат Михаел Шумахер (Мерцедес), Фелипе Маса (Ферари), итн.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *