Новите родители во Германија нема да бидат законски обврзани да го регистрираан ново-роденчето како машко или женско, и ќе можат да го регистрираат како трет пол, доколку полот не може точно да биде одреден. Новиот закон ќе стапи во функција од 1 Ноември.
Родителите ќе можат да го остават полот како непознат во изводот на родените, доколку има физички карактеристики кои не дозволуваат да се одреди точниот пол на бебето.
Законот е наменет за хермафродитите, односно тие што имаат делови од машкиот пол и делови од женскиот пол, но не на транссексуалците.
Третиот пол, исто така ќе има ефект на законите за бракот. Засега, само мажи и жени можат да стапат во брак. Хомосексуалните парнери можат да стапат во “граѓанска врска”, но нема никакви закони за или против брак на други полови.
Иако Германија е првата европска држава која го воведе овој закон, Австралија им дозволи на своите државјани да го обележат својот пол на пасошите како “X” од 2011 година. Нов Зеланд го воведе следната година.