Израелските сили го уништија бедуинското село Ал-Аракиб, 54-ти пат во последните три години, додека државата пробува да ги пресели бедуините, за да изгради град.
Воените сили пристигнаа наоружени во селото, додека булдожери ги уништија нивните куќи, изјави еден од жителите на селото.
Израелската власт го одобри релоцирањето на 30,000-40,000 бедуини и уништување на 40 села, која државата ги смета за нелегални.
Бедуините одбиваат да се преселат, затоа што тие го купиле имотот во пустината Негев, пред основањето на Израел. Сепак, тие велат дека договорите биле вербални и нема начин да го докажат тоа.