Чаша сок од цвекло, не само што го намалува високиот крвен притисок, туку ја забавува прогресијата на деменцијата и го спречува развојот на ракови тумори, покажува новото истражување. Лековитите својства на цвеклото станаа предмет на проучување од професионалци низ целиот свет. По серијата научни тестови станува јасно дека коренот од цвекло е моќен антиоксидант кој има антиканцерогени својства. Истражувачи од универзитетот од Вашингтон, САД, открија дека сокот од цвекло го забавува растот на туморите кај пациентите со 12,5%. Според експертите тоа е добра превенција за жените, генетски склони кон развој на рак на дојката.
Исто така цвеклото содржи супстанција наречена бетаин, кој ја нормализира секрецијата на желудечната киселина.