ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 чаши брашно
* пола лажиче цимет
* 1 лажиче сода бикарбона
* 1 чаша мелени ореви
* 1 чаша кисело млеко
* 125гр стопен путер
* 1 чаша шеќер
* 4 жолчки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги матиме жолчките и шеќерот додека не се добие хомогена смеса.
- Потоа го додаваме путерот, киселото млеко измешано со сода бикарбона и брашното.
- Повторно матиме со миксер, но побавно. Ги додаваме оревите и циметот и мешаме внимателно.
- Откако ќе добиеме целосно хомогена смеса, ја истураме во претходно подмачкана и набрашнета тава. Печеме на 200 степени, околу 30 минути.
- По желба, пред сервирање преливаме со малку топен карамел и сладолед.