Две диети за слабеење и прочистување на организмот

popara21 август, 20131min00
1

Летото е веќе тука и време е да влезете во форма и да го прочистите организмот од наталожените токсини. Ви нудиме две лесни диети. За постигнување на саканиот ефект треба да ги следите минимум 3 дена. Но не повеќе од една недела, за да не го оштетите вашето здравје! Еве какви се тие:

Диета 1. Млеко и банани

Ќе изгубите околу 3 килограми.

Не е погодна за луѓе кои имаат заболувања на црниот дроб и проблеми со стомакот.

Диетата вклучува три оброци на ден. Еден оброк се состои од 250мл нискомаслено млеко и две банани.  Може да пиете кафе и чај со засладувач. Ако доживеете силен глад помеѓу оброците, дозволена е мала чинија зелена салата или уште една банана. Но во никој случај не консумирајте друг вид овошје.

Диета 2. Грејпфрут и сирење

Ќе изгубите околу 4 килограми.

Не е погодна за луѓе кои имаат заболувања на црниот дроб или проблеми со стомакот.

Тука има исто така 3 оброци. Еден оброк вклучува 1 грејпфрут и 100гр сирење, најдобро урда. Грејпфрутот треба да се јаде, не да се пие како цеден сок! Дозволени се чај и кафе. Во краен случај може да каснете и малку кисело млеко.

Овие диети не се многу скапи и можете да го следите режимот, каде и да се наоѓате. Најлошото е тоа што се помалку драстични и тешки за оние кои сакаат да си угодуваат. Затоа малку повеќе волја, девојки! Сепак станува збор само за неколку дена, а резултатите се неверојатни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag