Со своите големи плажи и прекрасните ноќни клубови, Мајми е градот на магијата.
Тропската клима на градот и лесниот пристап до блескавите води на Мајами Бич ги привлекуваат сите видови на туристи. Покрај плажа, вода и топлина, во Мајами можете да најдете луксузни продавници, ресторани, музеи, убави градини и многу ноќни клубови.
Откако ќе уживате во атракциите што ги овозможува овој град, останатиот дел од одморот поминете го онака како што тоа го парави локалното население. Гледајте кошарка, јадете свежи морски плодови, земете го својот пешкир и уживајте во сончањето и плиавањето на Мајами Бич.