Толпата луѓе кои си уживаа на плажа во градот Калининград во Русија, беа изненадени кога овој огромен амфибиски брод од водата прејде на плажата. По пристигнувањето на плажата, од бродот излегоа маринци и си продолжија до нивната база.
Рускиот министер за одбрана изјави дека бродот бил на редовна вежба и дека плажата, всушност и’ припаѓа на армијата.
“Закотвување на бродови е редовна вежба на оваа плажа, не ни е јасно зашто се тука луѓето. Плажата е во близина на военото стрелиште”, изјави портпаролот на министерството за одбрана.