Освен за осветлување на темните дамки на кожата, лимонот е ефикасен и за осветлување на косата. Лимоновиот сок содржи киселини кои делуваат како природен активатор. Нормално, не можете да очекувате драстична промена на бојата, но колку подолго го оставите лимоновиот сок да дејствува, толку позабележително ќе ја осветлите косата.
Користете свежо исцеден сок од лимон и оставете го на косата најмалку 4 часа. Ако почувствувате дека ве пецка на главата, измијте го и пробајте друг пат. Максимален ефект се постигнува кога ќе ја намачкате косата со сок од лимон и ќе излезете на сонце. Не заборавајте потоа да ја измиете косата и да ставите балсам.