Американскиот актер Бен Афлек ќе ја толкува улогата Бетмен во продолжението на “Човекот од челик“.
Студиото Ворнер соопшти дека 41 годишниот актер ќе го толкува ликот на повлечениот милиардер Брус Вејн/Бетмен во продолжението на филмот режиран од Зек Снајдер кој би требало премиерно да биде прикажан 2015 година. Супермен, како и во првиот дел ќе го толкува британскиот актер Хенри Кавил.
Бетмен пред Бен Афлек го играле Мајкл Китон, Џорџ Клуни, Вал Килмер и неодамна во трилогијата на Кристофер Нолан, Кристијан Бејл.