Маска за лице со праска и мед

popara24 август, 20131min00
2

Девојки, имаме одлична маска за лице, која може да ја направите и во домашни услови! Освен тоа оваа маска е со праска, која е одлична состојка за младост и во овој период од годината се наоѓа во изобилство. А во комбинација со мед добивате вистински еликсир на убавината…

Потребни состојки:

1 праска

1 лажица мед

1 лимон

Начин на подготовка:

Излупете ја праската и испасирајте ја. Потоа во неа додадете го медот и добро измешајте за да се добие хомогена смеса.

И тоа е тоа, маската е подготвена! Сега останува да ја нанесете на кожата на лицето и да оставите да дејствува околу 15-20 минути.

Конечно, исплакнете со млака вода во која предходно сте го раствориле сокот од лимон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag