
Канадската новинарка Лори Волборн го шокирала градоначалникот на Келовн, Канада и целата тамошна јавност, кога за време на интервјуто кое било со првиот човек на градот, се соблекла топлес. Всушност Волборн со градоначалникот разговарала токму за таа чувствителна тема, односно дали девојките кои со голи гради би се појавиле во јавност ќе бидат уапсени.
Градоначалникот успеал да се фокусира и да одговара на прашањата дали полицијата би ги уапсила девојките кои со голи гради ќе се појават во јавност.
Иначе 25 август во цела Северна Америка е прогласен за ден на топлесот и токму поради таа причина новинарката тој ден направила вакво несекојдневно интервју.
