Меѓу учесниците на “Фарма“ која почнува 1-ви септември и ќе се емитува на “Алфа“ телевизија, како што дознаваме ќе биде и пејачката Ивана Сирена која е најпозната по тоа што Дадо Полумента неодамна демантираше дека е во врска со неа.
Ивана гордо истакнува дека на неа е се природно и дека никогаш не би легнала под нож.
Таа признава дека Цеца е нејзиниот идол и на своите настапи најчесто ги пее нејзините песни.
Како пејачката ќе се снајде на Фарма ќе видиме наскоро, но сигурно дека на имотот ќе има силна конкуренција. Но судејќи по сликите кои ги објавува на својот Фејсбук профил и Сирена има оружје за победа.
http://www.youtube.com/watch?v=ojXmbXx7srw