Лековитата моќ на морската вода

popara28 август, 20131min00
3

Морската вода многу благотворно се одразува врз телото на човекот. Во денешно време многу пациенти се лекуваат токму со нејзина помош.

Прочитејте како точно составот на морската вода влијае врз нашето тело.

Натриум хлиридот во морската вода ја одржува кисело-алкалната рамнотежа. Можеби сте забележале дека по неколку дена по капењето во морската вода, кожата ви изгледа поцврста и подмладена.

Калциумот не ослободува од стресот, ја подобрува состојбата на сврзното ткиво, штити од инфекции и помага за заздравување на раните.

Магнезиумот го подобрува метаболизмот, го спречува развојот на алергии, ги опушта мускулите, ја одстранува нервозата.

Бромот и сулфатот елиминираат патогени габични заболувања и имаат благотворно влијание врз кожата како целина.

Хлорот учествува во процесот на формирање на крвната плазма и желудечниот сок. Јодот ја враќа младоста и го намалува зголемениот крвен притисок. Го нормализира холестеролот и му помага на мозокот. Експертите сметаат дека развојот на менталните способности на детето зависи и од доволно количество јод, што го добива.

Цинкот го спречува развојот на тумори и го зајакнува имунолошкиот систем.

Железото штити од анемија и го транспортира кислородот до сите делови на телото.

Експертите советуват, по капењето во морската вода да не го измиеме телото веднаш, туку да почекаме неколку часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag