Индиската актерка Пратјуша Банерџи која се прослави со улогата Ананди во серијата “Малата невеста“ на својот Фејсбук профил поставила фотографија каде со својата колешка Сара Кан позира во бикини, што според индиските стандарди спаѓа во групата на вулгарни фотографии.
22 годишната Пратјуша која после 3 години го напушти снимањето на серијата оваа година, наскоро би требало да учествува во ријалити шоуто “Големиот газда“, а во едно од своите интервјуа Банерџи раскажува дека во приватниот живот не личи на Ананди како и дека е многу потемпераментна од неа.