Вирусот се појавува во облик на линк или мејл или како приватна порака на Фејсбук, во која се вели дека некој ве означил во статус. Кога ќе кликнете на линкот ќе бидете пренасочени на друга страна која од вас ќе побара да превземете екстензија или плугин за да можете да го прегледате видеото. Откако ќе го превземете плугинот вирусот има пристап на се што сте зачувале на вашиот веб Browser вклучувајќи ги и профилите со запаметена лозинка.
Секако ова е голема опасност за сите корисници, а познато е дека вирусот се шири со огромна брзина па така за само еден час се забележани 40 000 напади и се проценува дека се заразени над 800 000 корисници на Chrome Browser.
Гугл и Фејсбук се свесни за проблемот и изјавуваат дека ја блокирале екстензијата односно дека се работи на бришење на опасните линкови од Фејсбук.
Значи ако наидете на чудни пораки во никој случај не кликајте на линкот!