Менструалната чаша е еколошки и ефтин производ кој не претставува опасност за вашето здравје, а силиконскиот материјал од кој е изработена ја прави удобно средство за користење и хигиена.
За разлика од улошките и тампоните чашата не упива туку има мал резервоар кој ја собира течноста која истекува за време на менструација.
Менструалната чаша собира околу 30 мл менструална крв, а секоја жена за време на месечниот циклус средно ослободува од 60 до 120 мл менструална крв.
Предноста на менструалната чашка е тоа што треба да ја менувате на помал интервал од време за разлика од улошките и тампоните и освен тоа е за многукратна употреба.
Се препорачува откако ќе ја купите да ја сварите пред употреба 5 минути, а тоа треба да го правите и после крајот на менструалниот циклус за да биде чиста и стерилна за следната употреба.
Менструалната чаша се поставува како тампон во вагината, но веројатноста за непријатно чувство е минимална бидејќи е од мек силикон.
Погледнете како изгледа и како се користи менструалната чаша: