
Мексиканската полиција соопштила дека го уапсила лидерот на нарко картелот од градот Хуареса, Алберт Фуентеса (47) познат како Грдата Бети.
Алберт е уапсен од страна на полицијата во сојузната држава Најарит, Западно Мексико, а после тоа бил сослушан од страна на државен обвинител, а му се заканува казна за шверц со дрога, убиство и организиран криминал.
Мексиканските власти веруваат дека Алберт ја превземал контролата над картелот откако тоа одбил да го направи неговиот брат Висенте.
Картелот е создаден од третиот брат, Амадо познат како “Господар на небето“, кој починал во 1997 година под непознати околности после пластична операција.