Додека една група мажи не се осмелуваат да ги изговарат зборовите “те сакам“, за другата група истото е како да кажале “добро утро“ и токму поради тоа треба да проверите со каков тип си имате работа.
Станува збор за мали трикови кои можат да ви откријат дали вашиот партнер навистина ве сака. Се што треба да направите за да дознаете е да ги следите следниве упатства.
Најпрво запрашајте се дали навистина сакате да ја дознаете вистината и обидете се да ја замислите вашата реакција. Доколку мислите дека подобро е некое време тоа да остане тајна, откажете се од целата идеја и не копајте таму кај што не треба.
Вториот чекор се однесува на соочување лице во лице, особено ако тоа го направил во брзање, за време на секс или во пијана состојба. Повикајте го, погледнете го право во очи и прашајте го дали се сеќава што ви кажал. Доколку одговорот биде потврден без да го вознемири прашањето, на добар пат сте.
Трето и последно што треба да направите е да го поставите прашањето: “Дали навистина тоа го чувствуваш?“. Можеби ќе ви биде непријатно, но дирекното соочување со она што го сакате е најкраткиот и најсигурен пат до одговорот.