Времето за дипломатија заврши: Агресијата на САД и одговорот на Русија!

popara5 септември, 20131min00
8

Американската флота за напад врз Сирија ќе се базира во три реони – во два реони на Средоземното море до Израел, западно од Кипар и во Црвеното море, блиску до јужниот дел од Синајскиот полусостров. Сосема возможно е ударот врз Сирија да започне од Јордан. Судејќи по некои признаци, делумно молчењето на јорданската дипломатија, државата може да овозможи движење на американските воени авиони во своето воздушно пространство.

Ракетите ќе летаат од заливот, по реката Јордан, се до Кинерет. До таму ракетите ќе летаат со височина не повеќе од 60 метри, што реално ги прави невидливи за радарите како од сиријска територија, така и за акваторијата на Средоземното море. Нападот на Сирија и Дамаск од југ е многу сериозна опасност. Втората опасност е конфронтацијата на руските и американските бродови во Средоземното море, ако претпоставиме дека на 9-ти септемрви Конгресот на САД ќе одобри Резолуција за напад на Сирија. Започнува бомбардирањето  – над главата на руските бродови. И што ќе направат тие тогаш? Што ќе прави руската флота во Средоземното море? Ќе ги урива американските воени авиони кои редовно ќе фрлаат бомби врз Сирија од авиобазата во Кипар? Ќе чекаат и ќе гледаат како Сирија ја уништуваат? Другата варијанта – ништо нема да се случи. Двете флоти ќе стојат една спроти друга, но граѓанската војна ќе продолжува, а сиријската власт ќе биде со врзани раце се додека не бидат поразени.

Времето за дипломатија заврши. До 9-ти септември Русија, Сирија, Кина и Иран треба да го искористат максимално ефективно времето за да спречат уште една човечка катастрофа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma