Американската пејачка Кристина Агилера ги покажа своите доблести за октомвриското издание на “Максим“. Атрактивната музичка ѕвезда позира во провакативни пози каде до израз доаѓаат нејзините облини и сексапил.
Иначе пејачката во интервјуто за ова познато списание изјавила покрај останатото дека се чувствува удобно во дрес, односно машка гардероба.
– Кога се обидуваш премногу да бидеш секси, тоа е најлошата работа што можеш да ја направиш. Сексапилот треба да дојде од внатре – вели Агилера за “Максим“.