Италијанските власти заплениле имот вреден над 700 милиони евра во сопственост на Џузепе Григоли, човек од доверба на Сицилијанската мафија кој служи казна затвор, соопштила полицијата.
Според одлуката на судот најмалку 12 претпријатија, воглавно прехрамбени продавници, 220 куќи и 133 имоти се одземени од соработникот на Коза Ностра.
Григоли (64) ги води своите бизниси од затвор, каде служи 12 годишна казна. Матео Месина Денаро, еден од првите луѓе на Сицилијанската мафија во истиот процес е осуден 20 години затвор, но од тогаш е во бегство.
httpv://www.youtube.com/watch?v=qe6tZijCpYI