Кога Ана Николиќ не сака кај неа во Црна Гора, Манда Поповиќ дошла на нејзин терен со цел да ги расчистат сите сметки од блиското минато. Девојката која во јавноста е позната како партнерка на Ќазим Осман пред неколку дена пристигнала во Белград за да се забавува, но и како што се зборува, да ја најде Ана која после тепањето побегнала од хотелот без да каже збор и ја пријавила во полиција.
“Се распрашува каде би можела да ја најде, меѓутоа Ана никаде ја нема, како во земја да пропадна. Верувам дека се исплашила повторно да не биде тепана, но веројатно Манда тоа нема да го направи, бидејќи овде не е на свој терен. Но за секој случај, пејачката не сака да ризикува“, вели изворот кој инсистирал за анонимност.