“Sex box“наскоро ќе почне да се емитува на британскиот “Канал 4“.
Во него паровите ќе имаат секс речиси пред публиката во студиото. Ќе бидат сместени во изолирана комора во студиото каде ќе водат љубов, а по завршувањето ќе учествуваат во разговорот со водителката и нејзините гости.
Помеѓу паровите кои ќе имаат секс во студио ќе има и геј пар со што се надеваат да ги разбијат митовите за геј сексот. Шоуто е дел од кампањата на “Канал 4“ наречена “Реална секс сезона“.
Шоуто почнува да се емитува 30 септември.